Претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопез Обрадор соопшти дека во државата Колима е пронајдено безживотното тело на конгресменката Анел Буено (38), месец дена откако вооружен киднапер ја грабна, извести АП.
Тој изјави сочуство до семејството на настраданата конгресменка.
Вооружен киднапер ја грабна Буено на 29. април додека во градот Икстлахуакан во државата Колима промовирала мерки за заштита од коронавирус.
Претседателот на Мексико изјави дека телото на настраданата конгресменка е пронајдено вчера, и дека еден осомничен е задржан во притвор.
Ликвидацијата на младата конгресменка Буено не е прв таков случај во државата Колима каде организирани криминални банди последните неколку години спроведуваат насилство и терор.
Поранешниот градоначалник на Икстлахуакан Криспин Гутиерез е убиен во 2017 години, а минатата година градоначалникот на блискиот пристаништен град Манзанилоа е нападнат со огнено оружје, но успеал неповреден да им побегне на напаѓачите.