15-годишната Миња Д. која беше тешко повредена во страшниот пожар на Дорчол, пред околу еден месец, починала денеска на Универзитетската детска клиника во Тиршова.
Девојчето лавовски се борело, а нејзините другари дури и донирале кожа за неа, но за жал малечката ја изгуби битката за живот. Пожарот се случил на Света Петка, а наводно го предизвикал турната славска свеќа.
Следувала вистинска драма, повеќе од два часа пожарникарите се обидувале да ја совладаат огнената стихија и да го спасат девојчето. Ним им помагале и работнците од блиското градилиште, Павле Гавура, Лазар Ереш, Немања Држаиќ и Давид Ника, кои девојчето го спасиле преку терасата под која избил пожарот.
Миња со сериозни изгореници е превезена во Ургетниот центар, а потоа почнала акција за донирање кожа, како би се спасил нејзиниот живот.
После скоро еден месец борба, Миња почина утринава.