Шекил Барет, познат НФЛ играч и член на Тампа Беј Баканиерс, доживеа голема семејна трагедија.
Двегодишната ќерка на Барет, Араја, почина откако се удави откако падна во базен. Малото девојче не можело да се спаси, иако брзо било пренесено во болница
Полицијата соопштила дека истрагата е во тек, но дека ништо не укажува на сомнителни околности на смртта.
„Денешната трагична вест ги скрши срцата на сите во семејството Баканиерс. Се молиме за Шек, Џордан и целото семејство Барет во овој незамисливо тежок период за нив. Знаеме дека ниту еден збор не може да понуди утеха во овој момент, но сакаме да кажеме дека сме со нив“, се наведува во соопштението на клубот.
Американските медиуми објавија дека девојчето починало две недели по роденденската забава, кога паднало во базен и се удавило, а и покрај брзата реакција на возрасните кои веднаш ја извлекле од водата и повикале лекари, немало начин да ја спасат.
Починатата ќерка на Барет беше најмладата од четирите деца, а многумина, како познатиот Том Брејди, му испратија порака за поддршка.