По катастрофалниот земјотрес што ја вчера ја зафати Албанија, во кој загинаа најмалку 25, лица, доаѓаат сè повеќе трагични приказни.
Најновата во серијалот го обезбеди порталот „DurresLajm“ за семејството Каранџа н акое му се случила голема трагедија.
Имено, Диена Мецај Каранџа која останала без сопругот во 2015. година кој починал од тешка болест, во вчерашниот земјотрес загубила својата осумгодишна ќерка Есиела, која се здобила со тешки повреди откако врз неа паднале бетонски блокови во шесткатницата во Драч каде што живееле. Откако дознала дека ќерка и е мртва, Диена починала неколку часа подоцнам од тага.
„После се, нејзиното срце престанало да чука од болка“, пишува порталот.