Цело шведско семејство загина во падот на украинскиот авион во Техеран. Рахела (37) и Микаел (40) Линденбергс заедно со синовите Ерик (9) и Емил (7) загинаа во “Боингот 737“ кој се урна веднаш по полетувањето кон Киев од аеродромот во Техеран. Во авионот имало 167 патници и девет членови на екипажот. Во несреќата загинаа 82 Иранци и 63 Канаѓани, како и граѓани на Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Велика Британија.
Особено шведската јавност е во тага поради смртта на семејството Линденбергс. Според фотографиите на социјалните мрежи се гледа дека семејството било многу поврзано, а особено потресно делува фотографијата од шестиот роденден на Емил во Барселона.
Инаку, во падот на украинскиот авион загинаа 15 деца.