Италијанскиот фудбалер, Џузепе Перино (29), починал вчера на натпреварот организиран во чест на неговиот брат кој загинал пред три години во велосипедска несреќа.
Според сеуште неофицијалните информации, Џузепе Перино, починал од срцев удар на стадионот во Поџиомарино.
За време на ревијалниот натпревар, Перино паднал на земја, екипата на итната помош пристигнала бргу и се обидела да му помогне, но немало спас за 29-годишниот фудбалер.
Покрај Парма, Џузепе Перино играше во италијанските пониски лиги како Сапри, Беларија, Вигор Ламезија, Батипаглиесе, Скафатезе, Турис, Реал Поџоомарино, Пимонте и Солофра.