Анастасија Јалански била една од тројцата волонтери кои доставувале храна во Буча, град западно од Киев. Сите тројца се убиени, објавила нејзината пријателка Олександра Матвичук на Твитер.
„Ја замолив да внимава. Денес секоја грешка скапо се плаќа. Но, таа им помагаше на сите”, рекол нејзиниот сопруг Јевхен Јалански.
Засолништето кое го посетила три дена било без храна кога тргнала на пат. Во нејзината последна објава на Инстаграм, неколку часа пред смртта, таа се насмевнала во камерата покрај вреќа со храна за кучиња.
Нејзиниот автомобил бил пронајден изрешетан со куршуми. Испорачале храна за кучиња и биле блиску до дома кога биле убиени.
“Таа беше најдоброто човечко суштество што го познавав. Таа беше посветена да им помага на сите на кои им требаше помош. Обожуваше животни. Имавме куче и мачка”, додал нејзиниот сопруг.
Телото на Анастасија останува во мртовечницата во Буча бидејќи борбите се толку интензивни што никој не може да стигне таму, изјавил пријател на несреќната девојка.