Американскиот глумец Еди Хасел (30) кој беше најпознат по улогата во филмот “Клинците се во ред“ номиниран за Оскар, почина откако бил погоден од истрел на огнено оружје во предградието на Далас, јавуваат локалните медиуми.
Хасел бил тешко ранет по обидот да му го украдат автомобилот, а истрагата е во тек.
“Њујорк тајмс“ пишува дека глумецот е погоден пред станот на својата девојка.
Еден од неговите соработници изјавил дека Хасел бил погоден во стомак и веднаш бил пренесен во оближната болница каде што починал.