Три деца загинаа, а шест лица се тешко повредени при експолозија на плинска боца во семејна куќа во кумановското село Романовце -објави порталот СДК.
Несреќата се случила утринава околу 10 часот, во дневната соба, на приземјето на куќата каде што се наоѓале повеќе членови од семејството. Неофицијално, несреќата се случила додека двете ќерки биле дојдени на гости кај родителите.
Првичните информации од МВР се дека на лице место загинале три лица, а други шест со повреди завршиле во болницата во Куманово. Дел од повредените, поради сериозноста на повредите се префрлени на скопските Клиники.
Во моментов увид на терен вршат јавен обвинител и екипа од СВР-Куманово.