Млад студент во Америка починал откако изел порција тестенини стари пет дена. Случајот е од 2008 година, но сега станал актуелен откако американскиот весник за клиничка микробилогија наишол на таа приказна.
Дваесетгодишното момче порцијата шпагети ја приготвил пред пет дена, а потоа ги оставил во кујна да стојат два дена. Неговиот цимер потоа ги преместил тестенините во ладилник, каде стоеле уште три дена, се опишува во снимките кои досега ги прегледале повеќе од еден милион луѓе.
Студентот пет дена подоцна ги подгреал тестенините во микропечка, а не бил свесен дека тоа е истата храна од пред неколку дена. Набрзо почнал да се чувствува лошо, почувствувал мачнина, главоболка и болка во стомакот. По неколку часа почнал да повраќа.
Откако констатирал дека се работи за труење во желудникот па испил многу вода, зел лек за желудник и си легнал да спие, се наведува во снимката. Се разбудил испотен и повторно почнал да повраќа, а неговиот цимер повикал брза помош. Пред да дојде брзата помош, момчето се онесвестило, а во болница починало.