49-годишен жител на Струга почина, откако, додека извршувал своите работни активности, бил удрен од црево кое се откачило од пумпа за бетонирање.
„На 02.02.2019 година околу 09.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во населба Елен Камен во Струга, при изведување градежни работи, со повреди се здобил Џ.А.(49) од Струга и како последица на тоа починал. Според пријавеното, додека работел, Џ.А. бил удрен од црево кое се откачило од пумпа за бетонирање. Се преземаат мерки за рачистување на случајот“, додаваат од МВР.