Австралискиот репрезентативец во сноуборд, Алекс Пулин (32), инаку двократен светски шампион, го загуби животот во Австралија за време на риболов. Неговото неподвижно тело беше забележано во водата од нуркачи.
„Тој бил во лов на риба со харпун. Минувачите го изнесоа на брегот и таму спасувачите и лекарите се обидоа да го оживеат, но без успех”, рече портпаролот на брзата помош на Квинсленд.
Јавноста во Австралија е во целосен шок, затоа што не е јасно како настрадал 32-годишниот спортист.
Алекс неодамна објави фотографиите од неговите авантури на океанот на социјалните мрежи. Тој беше обожавател на сурфање и копнење.
Бројни австралиски спортисти изразија длабоко сочувство до семејството на починатиот сноубордер, а се огласи и австралискиот олимписки комитет.
„Алекс беше омилен член на нашата организација и многу ќе ни недостасува. Неверојатен спортист, сакан член на националниот тим и вистински пример за сите. Многу ни недостасуваш”, посочуваат од оваа организација.