Српскиот ракометен репрезентативец Новак Бошковиќ (29) изврши самоубиство во својот дом. Бошковиќ си пукал во глава од пиштол што го поседувал со дозвола. Во тој момент во станот била неговата сопруга, а мотивот за самоубиството ќе биде познат по завршување на истрагата.
Новак Бошковиќ играше на позицијата десен бек, а во последната сезона настапуваше во Израел. Кариерата ја започна во родниот град Црвенка, а исто така има играно и за Врбас, Прибој, словенечки Копер, унгарски Татабања, Динамо Букурешт. Тој настапуваше за националниот тим на Србија на Европското првенство во 2016 година/