Трочлено семејство од Зета и и момче кое се обидело да ги спаси, загинаа на Скадарското Езеро, во близина Врањина во Црна Гора откако се превртел чамец во кој биле девет лица. Поради силното невреме со дожд и силен ветер, кое го зафати подрачјето на Скадарското Езеро, големите бранови го превртиле чамецот кој го управувал свештено лице, а пловел кон манастирот Врањине.
Еден од лицата кои успеале да доплива до брегот за тамошните медиуми изјавил дека во несреќата настрадале мајка, татко и ќерка. Досега било пронајдено само телото на мајката.
“Можеа да се спасат, но мајката се обиде да го спаси своето дете, па и таа загина. Таткото се удави додека се обидуваше да ги спаси, исто и момчето што тргна да им помогне, раскажал тој.