ТРАГЕДИЈА: Се обеси кошаркарка на Партизан

by Тони Зографски

Шок во Белград, откако беше објавена веста дека младата кошаркарка на КК Партизан, Милица Мркела извршила самоубиство со бесење. Таа само што навршила 16. години и веќе една година била дел од првиот тим на Партизан.

Мркела беше со статус и на репрезентативец на Србија во младинските категории, а нејзината смрт е потполен шок за сите во Србија.

Претседателката на КК Партизан, Бојана Јанковиќ излезе со изјава во јавноста.

„Таа беше иднината на нашата кошарка. Дојде во клубот со 14. години и веќе имаше статус на првотимец и репрезентативец. Таа беше еден од најголемите кошаркарски таленти на Србија. Сите сме затекнати од нејзината смрт“ – изјави Јанковиќ.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com