Ноќеска во викендичка во Делчево се обесил Александар Захариев, 23-годишниот син на екс- градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, дознава „Слободен печат“ од извори во истрагата.
Од Јавното обвинителство за „Слободен печат“ го потврдуваат случајот.
Оттаму информираат дека е направен увид и дека смртта настанала со бесење.
Телото е предадено на обдукција.