Седум деца од исто семејство загинаа во пожар кој зафати куќа во источниот град Халифакс во Канада, соопшти полицијата.
Канадската медиумска мрежа Си-би-ес јави дека станува збор за семејство на сириски бегалци и дека децата биле на возраст од три месеци до 17 години.
Еден маж и жена се повредени во пожарот и се префрлени во болница.
Нивната сосетка рекла дека слушнала вресоци од жената, нешто после полноќ по локално време.
Мајката беше во тревникот, се молеше и ги кршеше рацете и го молеше својот сопруг да побара помош“, рече соседот Даниел Барт.
Полицијата и пожарникарите ја немаат соопштено причината за пожарот.