Светот на атлетиката денеска е во шок откако Русинката Маргарита Плавунова го загуби животот од срцев удар додека тренираше во своето родно место.
Оваа 25-годишна атлетичарка беше државна шампионка на Русија на 60 метри со пречки и на 100 метри и се подготвуваше за наредните предизвици. За жал, нејзиниот живот згасна откако при денешниот тренинг Маргарита колабирала крај самиот пат по кој што трчала секојдневно.
Жителите од околината веднаш реагирале и повикале брза помош, но лекарите не успеале да го спасат животот на младата атлетичарка.