Четиримесечно момче почина во градот Електростал, близу Москва, од топлотен удар. Несреќното момче останало во количка за бебиња, додека неговите родители се забавувале во природа и правеле скара.
Како што се наведува, младиот брачен пар одлучил да оди на скара во природа заедно со нивниот четиримесечен син, кој наводно имал здравствени проблеми уште од неговото раѓање.
Медиумите пишуваат дека родителите го нахраниле момчето пред да заминат, а потоа отишле во излетничкиот простор кај Електростал, каде се забавувале и пиеле. Бебето било изложено на екстремни температури неколку часа и претрпело топлотен удар кој за него бил фатален.
Тие забележале дека момчето не дише дури во седум часот попладне по локално време и веднаш повикале брза помош, но за бебето било предоцна.
За жал, лекарите можеле само да констатираат смрт, а против родителите е започната истрага/