Српската шампионка во фитнес и боди-билдинг Александра Цимеша, ненадејно почина на 40-годишна возраст. Починала на пат кон дома враќајќи се од тренинг од теретаната, а според неофицијални информации, станува збор за срцев удар.
Инаку, Александра е родена 1981 година во Вршац, а дипломирала на Спортската академија, насока – спортови на сила и фитнес. Израснала во спортско семејство, а од најмала возраст му се посветила на спортот.Успешно тренирала кошарка и била репрезентативка во кадетската селекција. Покрај тоа, таа тренирала и карате и кик- бокс.Работела и како инструктор по фитнес и аеробик, анекое време се занимавала и со спортско новинарство.