Српската фудбалска легенда Синиша Михајловиќ почина денеска губејќи ја битката со леукемијата.
Легендарниот фудбалер и тренер, не успеа да победи во најважната, животна битка. Откако здравствената состојба му се влоши во претходните денови, починал денес на 53-годишна возраст во клиника во Италија опкружен со семејството, објавија италијанските медиуми.
Иако два пати успеваше да се избори со болеста, состојбата на поранешниот српски фудбалер и селектор сериозно се влоши во последните денови.
Негов последен ангажман беше како тренер на Болоња, од каде беше отпуштен пред неколку месеци.