На 46 години, во Мелбурн почина поранешниот голман на македонската фудбалска репрезентација Гоце Груевски.
Груевски во својата кариера беше дел од скоро сите најдобри македонски клубови Вардар, Беласица, Слога Ј, Работнички, Победа…Кариерата ја заврши во Австралија во тимот на Престој Лајонс.
Во австралискиот клуб Груевски работеше како тренер на голманите.
Гоце Груевски зад себе ги остави сопругата Даниела и синот Евгениј.
Засега не се познати причините за смртаа на Груевски.