ТРАГЕДИЈА: Почина поранешната македонска репрезентативка Јулија Портјанко

by Тони Зографски

На 38 години синоќа почина поранешната македонска репрезентативка и член на Кометар Ѓорче Петров, а потоа и на Вардар, Јулија Николиќ.

Јулија Портјанко, подоцна Јулија Николиќ во Скопје дојде од Украина и стана член на екипата Еуростандард. Веднаш се издвои со војата борбеност, бескомпромисност и квалитет и веднаш беше преселена во првиот тим. Доби македонско државјанство и до последните денови од кариерата играше и за националниот тим на Македонија, последно во 2012 година.

Потоа играше и во Франција каде што беше прогласена за најдобар странски играч, а по враќањето во Македонија настапуваше и за екипата на ЖРК Вардар.

извор: g-sport.mk

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com