Константин Колцов, поранешен белоруски професионален хокеар и момче на тенисерката Арина Сабаленка, почина на 42-годишна возраст, објави рускиот клуб Салават Јулаев.
„Со голема тага ве известуваме дека тренерот на Салават, Константин Колцов почина. Беше весела личност, сите го сакаа и почитуваа, како играчите, така и колегите и навивачите. Константин Евгенијевич Колцов засекогаш е запиша во историјата на нашиот клуб“, пишува во соопштението од Салават УФА.
Колцов играше за Белорусија на Олимписките игри во 2002 и 2010 година и помина делови од три сезони со Питсбург пингвинс од 2002 и 2006 година.
“Беше силна и весела личност, сакан и почитуван од играчите, колегите и навивачите. Константин Евгениевич засекогаш влезе во историјата на нашиот клуб.Почивај во мир-објави клубот.
Не се познати причините за смртта.