Почина еден од најдобрите наши манекени Филип Алексовски, – објави порталот машкимагазин.
Алексовски е роден на 1- ви Октомври 1993 година во Скопје. За прв пат се појавува на кастинг кај во Моделс Ин, неговата матична куќа во 2008 година, а потоа ги посетува курсевите во 2010 година. Од тогаш активно работи како модел кај нас и во Белград.
Беше на роденденската прва реклама за Сити Мол, два пати заштитно лице на Румор шоп, за Битциани , Najk , Шизик на Ризик , реклама за Apple Bandit , реклама за Пепси , фотосесии за Fashionel.mk , ревии за Кокев , Made in Macedonia , FSWK , Risto Bimbiloski , Јован Петровски и последната за Британска Амбасада каде носеше модел на реномираниот дизајнер Никола Ефтимов.
Како што за машкимагазин изјави неговиот менаџер Алек Наумовски, причината за смртта на Филип Алексовски не бил коронавирусот.
Comments are closed.