Почина двегодишна ќерка на довчерашниот фудбалер на Арсенал, а сега на Бристол Сити, Бенико Афобе. 26-годишниот фудбалер денеска ја потврди веста за смртта на неговата ќерка.
“Ја однесовме Амора во болница поради сериозна инфекција, но за жал се случија големи компликации. Иако лекарите направија се што е во нивна моќ, Амора почина во мир опкружена со љубовта на нејзиното семејство. Ние сме скршени и уништени и ве молам за почит и приватност во овие тешки моменти “, се вели во неговата изјава за Би-Би-Си.
Сочувство до семејството испрати и неговиот клуб од Бристол, кој преку Твитер објави дека нивните „мисли и молитви се со Бенико и неговата сопруга Лоис“.
Инаку, Бенико и Лоис се во брак од 2016 година. Тој играше за репрезентацијата на Англија, a во моментов е член на националната селекција на неговата матична држава Конго.