Невремето што ја зафати Италија однесе три животи, меѓу кои и на едно 14-годишното дете кое загина во околината на Рим.
Пасквале Перси му помагал на татко му, поточно, тој ги држел дрвените скали додека татко му Габриел (55) вршел поправка на покривот на куќата, – пишува Република.
Во еден момент силниот ветар го дувнал татко то, кој падна врз синот. Веднаш Габриел станал, повикал итна помош, но докторите можеле само да ја потврдат смртта на Пасквале.
– Пасквале беше прекрасно дете, во мај требаше да наполни 15 години. Тој требаше деновиве да добие нов велосипед. Не знам како ќе и соопштиме на неговата помлада сестра. Не можам да верувам како можеше да загине на оваков начин – изјавила тетка му Кристина Перси.