Познатиот пејач Сергеј Четковиќ го минува веројатно најтешкиот период во животот. Имено, како што пренесоа српските медиуми, мајката на Сергеј, Драгица Беба Четковиќ (1952-2021), починала од последиците на коронавирус пред два дена во Подгорица. Сергеј ја погребал својата мајка вчера на 8-ми март, инаку негов роденден.
Таткото на пејачот, Слободан е хоспитализиран исто така поради инфекција со Ковид-19, а неговата сопруга Кристина не можела да биде со него на погребот, со оглед на тоа што и таа е наводно позитивна на вирусот.
“Немам никаква изјава, ниту сум подготвен на какво било соопштение. Ви благодарам многу”, изјави Сергеј за српските медиуми.
Мајката на Сергеј по професија беше фармацевт, а таткото Слободан важеше за успешен возач на рели кој беше шампион на Југославија и победник на Купот на Јадранот.