ТРАГЕДИЈА: Од корона почина кошаркарскиот тренер Марјан Лазовски

by Тони Зографски

Почина поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје и Вардар и некогашен селектор на машката и на женската репрезентација, Марјан Лазовски.

Тој последните неколку дена ги мина во тешка битка со коронавирусот, која, за жал, ја загуби, оставајќи само сеќавања на својот ведар дух и голема добрина, како и огромната љубов кон кошарката. Ја предводеше Македонија на единствениот настап во предолимписките квалификации во 2012 година во Венецуела, а потоа седна и на клупата на женскиот национален тим.

Како тренер работеше во Вардар, МЗТ Скопје, АМАК-СП, Пелистер, Торус и во Работнички. Имаше само 58 години.

.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com