Португалецот, Пауло Гонсалвеш загина на 40 години откако ја загубил контролата над моторциклот на денешниот специјал на релито Дакар.
Второпласираниот од 2015 година доживеал страшна несреќна по 267 километри од етапата. Нешто по 10 часот биле алармирани организаторите на трката дека нешто му се случило на португалскиот мотоциклист, веднаш бил испратен хеликоптер, бил пренесен во болница каде била утврдена неговата смрт.
Инаку, Гонсалвес беше искусен возач на мотоцикли на Дакар, натпреварување на кое земаше учество уште од 2006 година. Негов најдобар пласман беше во 2015 година кога заврши на втората позиција веднаш зад Марк Кома, а минатата година се откажа уште во петтата етапа