Тригодишно момче трагично загинало во неделата кога било исечено од пропелерот на чамецот од кој паднало.
Волтер Грир бил на одмор со своите родители во Јута и во неделата попладне отишле да се возат со чамец. Малото момче цело време носело појас за спасување, но во момент на невнимание момчето паднало во водата и веднаш било зафатено од пропелерот.
Семејството е во шок поради трагедијата што ги снајде
„Волтер беше нашата радост. Тој го сакаше Спајдермен, возовите, камионите и неговите црвени чизми. Бевме благословени што е наш“, се вели во изјавата на семејството на момчето кое почина, пренесува Мирор.
Властите во Јута објавија дека 3-годишно момче од Солт Лејк Сити, кое било со членовите на семејството во чамец, починало околу 17 часот во неделата.
„Откако детето испаднало од чамецот, го зафатил пропелерот. Спасувачите веднаш тргнале и го извлекле детето од водата, но момчето веќе било мртво“, изјавиле надлежните.
Како што се додава, во тек е истрага за да се утврди како точно дошло до трагедијата.