Германската пратеничка од редовите на Христијанско демократската унија и блиска соработничка на Ангела Меркел, Карин Штренц почина на 53 години на летот од Куба за Германија.
Како што објави Билд, таа изгубила свест додека била во авионот. Венаш реагирал екипажот и авионот итно се спуштил во Ирска за на пратеничката и се укаже лекарска помош. Под итно, таа бил транспортирана во болницата во ирскиот град Шанон, каде докторите накратко успеале да и ја стабилизираат нејзината здравствена состојба, но подоцна Штренц почина.
Инаку, Карин Штренц во Бундестагот беше на листата ЦДУ на Ангела Меркел и ја преставуваше североисточната покраина Мекленбург-Форпомерн.