Според пишувањето на бразилските медиуми, манекенот Талес се сопнал на врвките од своите сандали, по што паднал, па почнала да му излегува пена од устата. Иако бил пренесен во болница, кај 26-годишниот манекен лекарите можеле да констатираат само смрт.
Публиката во прв момент мислела дека неговиот пад е само дел од шоуто.
Фотографиите кој се објавени во медиумите покажува како манекенот лежи а лекарите му укажуваат прва помош и го реанимираат.