Бебе починало пред четири месеци на скопската клиника за гинекологија, а неговата мајка два месеца подоцна.
Од Министерството за здравство, за случајот информираа дека пациентката била примена во август со проблеми во бременоста, заради кои бебето починало во утробата на мајката.
Потоа, постоперативно почнуваат серија последувателни компликации кои условувале повеќекратни хируршки ревизии.
„Како последица на придружните болести индицирано било завршување на бременоста со царски рез. Во лекувањето на пациентката биле вклучени повеќето од најискусните лекари на ЈЗУ У ГАК – и од гинеколошки и од анестезиолошки профил, како и дежурните тимови. Тешките одлуки во врска со здравјето на пациентката се донесуваа конзилијарно од најискусните лекари, почитувајќи ги најсовремените медицински протоколи. За жал, и покрај речиси двомесечен интензивен ангажман и третман, пациентката подлегна на придружните комликации“, велат од Министерството.
Се чека потврда од обдукцискиот и од хистопатолошкиот наод, кои прецизно ќе дадат информации за состојбата на пациентката.
Во државата е формирано стручно тело кое ги испитува сите случаи со неповолен исход за бебето во утробата и за породени новородени со фатален исход.