Учесничка на натпреварот за Мис Франција, 22-годишната Морган Роланд била смачкана од трактор додека се возела на велосипед на селскиот пат во регионот Лоар. Таа била во друштво на машки пријател кога од една улица излетал автомобил на патот каде била таа. Кога се обидела да го избегне автомобило, бил повлечена од трактор и завршила под него.Нејзиниот велосипед е најден меѓу тракторот и приколка полна со дрва која ја влечел, а таа била повлечена под возилото, известуваат локалните медиуми.
Пожарникарните екипи први пристигнале на помош, ја пронашле девојката која доживеала срцев удар. Со хеликоптер бил однесена во болница, но веднаш по доаѓањето била прогласена за мртва. Нејзиниот пријател и трактористот се неповредени.
Инаку, Морган Роланд беше втора на натпреварот Мис Лора 2017.