911
Челниците на Лас Палмас доцна синоќа ја потврдија смртта на Жорге Санчез 17-годишен тинејџер кој играше за младинските селекции на тимот од Канарските острови. Санчез од следната сезона требало да биде прекомандуван во сениорскиот тим, но не дочека да дебитира за Лас Палмас.
Синоќа младиот фудбалер заедно со уште неколку пријатели заминале да се бањаат во каналот Орелана и тоа било кобно за неговиот живот. Кога дошла Итната помош само констатирале дека двајцата тинејџери се удавиле.
„Ова е еден од најтажните денови во историјата на нашиот клуб. Немаме зборови да ја опишеме болката“, стои во соопштението на клубот.
