Трагедија попладнево ги потресе сите Македонци во Малта, откако полицијата објави дека младиот Македонец Мартин Калинчев загинал од струен удар.
Според податоците кои ги објавуваат Македонците и медиумите јавно објавени, Мартин Калинчев загинал утринава околу 9.30 по локално време, додека работел.
Инцидентот се случил додека Мартин работел качен во дигалка и се допрел до електрични кабли. Повикана е брза помош која го префрлила во болница, каде е констатирано дека починал од сериозни повреди.
Полициската истрага сеуште е во тек.
Целата сторија и видео на ОВОЈ ЛИНК