Млада девојка почина за време на приватна забава во угостителски објекти.
Според информациите од полицијата, станува збор за 22-годишна девојка со иницијали Љ.С. од Кумановско.
„Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија“, соопшти МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.