ТРАГЕДИЈА: Мајка му покажала среден прст на возач, совозачот го убил нејзиниот 6-годишен син (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Шестгодишно момче било застрелано во петокот наутро во Калифорнија, додека неговата мајка го возела до училиште, пишуваат американските медиуми.

Ајден Леос седел на задното седиште во семејниот автомобил, а додека возел во колона на еден од автопатите во Лос Анџелес, бел Фолксваген го пресекол патот на мајката на Ајден. Од протест, таа му го покажала средниот прст во нејзиното внатрешно огледало.

Ова се претпоставува дека толку многу го разбеснило патникот на тој автомобил, што извадил пиштол и пукал. Тој го погодил шестгодишниот Ајден во грбот.

„Мамо, мамо, ме боли стомакот“, извикало момчето. Мајката застанала настрана, ја повикала брзата помош и го држела во рацете. За него немало спас когае пристигнала брзата помош.

Семејството бара сведоци за помош

„Нејзината облека беше крвава, а тој беше посинет кога брза помош го однесе. Тоа беше последен пат неговата мајка да го види жив“, изјави Алексис Клунан, сестра на починатото момче, за ФОКС 11 Лос Анџелес.

Постарата сестра на Ајден бара сведоци за помош.

„Тој беше посебен. Тој носеше многу среќа во мојот живот”, додаде таа.

Мајката на починатото момче подоцна и рекла на полицијата дека откако покажала среден прст, се обидела да се оддалечи од возилото, но белиот седан продолжил да ја следи.

Полицијата во Лос Анџелес сега трага по мажот и жената кои биле во наведениот автомобил. Се верува дека мажот пукал од совозачкото седиште додека жената била зад воланот.

Ејден почина во детска болница во округот Оринџ, Лос Анџелес.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com