Во Франција, Албанец од Косово, идентификуван како Лиридон Б. ја убил својата девојка пред очите на нивното дете.
Локалните медиуми пишуваат дека еден млад човек од Косово, 23 години, пукал во својата партнерка Стефани пет пати пред нивната ќерка, која има само четири години. Потоа го напуштил местото на настанот.
Полициските и медицинските служби излегле на местото на нападот, но и покрај нивните напори, младата жена починала.
Инаку, обвинетиот претходно извршил повеќе од 20 кривични дела поврзани со насилство и трговија со дрога. Тој бил ослободен од затвор на 12-ти мај и бил ставен во домашен притвор со електронска нараквица.
Неколку часа откако ја убил својата партнерка, Лиридон беше уапсен и му беше одреден притвор.