Во последниве 24 часа на Инфективното одделение во Битола починаа тројца пациенти на возраст од 35, 55 и 73 години. Имено, починатите пациенти се од Битола и битолскиот регион, а со денешните тројца починати, вкупниот број на починати лица во Битола од почетокот на епидемијата изнесува 61 лице.
Денешниот број на хоспитализирани пациенти во регионалниот ковид центар во Битола е 76.
Според вчерашниот извештај на министерството за здравство во Битола беше регистрирана бројка од 51 заразен со Ковид 19. Бројот на оздравени пациенти беше 28, додека пак бројот на активни случаи се искачи на 738.
Инаку, вчера почина и 35-годишна охриѓанка која немала никакви симптоми.
Се се случило само во два дена, без предходни симптоми Ивана пред два дена добива покачена температура, температурата и се смирува со помош на таблети. Но после кратко време температурата повторно и се покачува по што се алармира брзата помош во Охрид, каде се носи во инфективно оддление при што веднаш се приклучува на кислород за дишење, пренесува Магазин.мк.
Но поради влошената состојба коефициентот кој треба да биде најмалце 60 (*волумен на белите дробови) се спушта на 30 поради што инфективното одделение од Охрид се одлучуваат да ја испратат во специјалната болница Систина во Охрид за да ја стават на респиратор за дишење, бидејки истиот го нема во Охридската ковид болница.
Сепак и покрај интервенцијата на Охридската болница, и ангажирањето на медицинско возило, Ивана починала на пат кај Кичево, не издржала да ја однесат во Скопје.