Мариќ М. (20) и Миошко Кристијан, кој денеска требаше да слави 19. роденден загинаа откако вчера со автомобил излетале од мостот во каналот Дунав-Тиса-Дунав, кај Вршац, Србија.
Младите пред трагедијата биле на куќна веселба во Вршац, каде и двајцата живеат, иако не се од тој град. Потоа го однеле својот пријател во блиското село Загајица, а на враќање дома, завршиле во каналот.
– Белото „рено меган“, кое беше превртено наопаку, со помош на виљушкар го извадивме од водата преку мостот, не знаејќи дали има некој во него. А потоа видовме ужасна глетка, две млади безживотни тела, заглавени меѓу задното седиште и багажникот. Се обидовме да ги извлечеме, но пожарникарите сепак мораа да го сторат тоа – ни раскажува за страшните сцени Марко Поповиќ, рибочувар од Вршац, кој исто така бил повикан од полиција да помогне.
Двајцата млади луѓе тренираа фудбал. Мариќ М. е родена во село Јасеново, а настапувала за фудбалскиот клуб Рипенсија од Темишвар. Миошко играл за селски клуб од Влајковац, а роден е во соседното село Загајица.
Оние кои утрото ја поминале кобната делница од патот велат дека имало голема магла, а се претпоставува дека до несреќата дошло поради неприлагодена брзина. Основното јавно обвинителство кое го води овој случај најверојатно ќе нареди обдукција на телото.