Мега-популарниот актер Џо Лара (58) загина во страшна авионска несреќа.
Прославениот „Тарзан“ бил со неговата сопруга Гвен во приватен авион, а покрај нив загинале уште 5 други лица.
Како што соопштија на конференцијата за медиуми, авионот се срушил во езерото во близина на Нешвил, некаде околу 11 часот наутро, набргу по неговото полетување од „Смирн“ аеродромот кај „Палм бич“ на Флорида.
Националната организација за безбедност на Флорида веднаш започна истрага за причините за несреќата.
Сопругата на славниот актер Гвен се занимаваше со фитнес и план на исхрана и програма за слабеење и правилна диета, што им помогна на многу луѓе и беше многу успешна во тоа.
Џо и неговата сопруга Гвен имаа заеднички канал на Јутјуб, кој се засноваше врз принципот на реални шоуа, а главните учесници беа само тие двајца.
Тие го снимаа нивниот секојдневен живот и отворено зборуваа за нивната врска и љубов.
Покрај познатиот „Тарзан“, Џо ќе остане запаметен по многу улоги, а само некои од нив се во филмовите: “American Cyborg”, “Steel Warrior 1993”, “Steel Frontier”, “Warhead”, “Armstrong and Doomsdayer”…