ТРАГЕДИЈА: Дрогиран Србин во Барселона изгази 17-дена старо бебе (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Српски државјанин (42) под дејство на дрога во Барселона предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која загина едно бебе старо само 17 дена, а неговите родители и дедо му се во критична состојба.

Како што известуваат шпанските медиуми, а пренесуваат српските, вчера околу 19 часот дрогираниот возач изгубил контрола над воланот, удрил во автомобилот во кое се наоѓало младото семејство, а нивниот автомобил во заштитната ограда од патот.

При тестирањето на крвта на возачот кој се здобил со полесни повреди е пронајден хашиш и метамфетамин и е ставен во притвор.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com