Десeт бебиња загинаа во голем пожар во болница во Махараштра, најбогатата индиска држава, објавија од болницата, а водечките политичари изразија жалење.
„Пожарот изби денеска во 2 часот наутро“, рече хирургот Прамод Кандате од Општата болница во оваа западна индиска држава.
Седум од 17 деца на одделот за болни новороденчиња се спасени.
Премиерот на државата Удав Такре нареди да се истражи причината за пожарот.
„Трагедијата во Бандари, Махараштра, погаѓа во срце. Изгубувме драгоцени млади животи“. напиша премиерот Нарендра Моди на Твотер. „Моите мисли се со ожалостените семејства. Се надевам дека повредените наскоро ќе се опорават“, додаде тој.
Многу други политичари, вклучително и опозицискиот лидер Рахул Ганди, исто така изразија жалење.