ТРАГЕДИЈА: Го вдомила кученцето, па умрела (фото)

by Тони Зографски

24-годишната Норвежанка Биржит Калестед во февруари со пријателите била на Филипини, кога во една улица забележала едно улично кученце. Таа го ставила во корпата од моторот и го однела во пансионот каде што била сместена. Го избањала, исчеткала и си поиграла со него.

Веднаш по враќањето во Норвешка девојката добила беснило. Што е најсимптоматично, во прв момент неможело да се дијагностицира беснило, кое во Норвешка се појавува по 200 години. Докторите во прв момент биле во дилема за што се работи, а по два месеца Биржит починала во болницата каде што работела.

– Нашата драга Биржит многу ги сакаше животните. Се плашиме дека истото може да им се случи и на другите кои имаат големо срце како неа – соопштило нејзиното семејство.

Инаку, во Норвешка не обавезно вакцинирањето против беснило за нивните државјани кои патуваат на Филипините.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com