ТРАГЕДИЈА: Гимнастичарка почина од повредите при пад на тренинг (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Младата 20-годишна Американка, Мелани Колман почина како последица на здобиените повреди при пад на тренинг. Мелани беше гимнастичарка на Универзитетот Јужен Конектикет, а фаталните повреди по нејзиниот живот ги здоби за време на рутинска вежба на двовисински разбој.

– Нашите мисли и молитви се насочени кон семејството на Мелани – изјави директорот на атлетискиот клуб на Јужен Конектикет, Џеј Моран.

Веднаш по трагичниот настан во кој животот го загуби нивната ќерка, се огласи и семејството.
– Убедени сме дека духот, насмевките и хуморот на Мелани ќе живеат преку оние кои најмногу ја сакаа и почитуваа – порача семејството Колман.

Инаку, Мелан потекнува од гимнастичарско семејство. Заедно со нејзините две повозрасни сестри ја продолжија традицијата на нивната мајка.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com