Данскиот милијардер Андерс Холчх Повлсен (46) кој е и сопственик на меѓународниот синџир продавници за облека Бестселер (кој ги вклучува модните брендови „Vero Moda“ и “Jack&Jones“) ги погреба своите три деца кои беа убиени на Велигденскиот терористички напад кој се случи во Шри Ланка.
Андерс се обидуваше да ја утеши својата сопруга Ане и ќерката Астрид додека стоеја покрај телата прекриени со букети цвеќиња. Данските медиуми пренесуваат дека и внатрешноста на црквата била украсена со балони во чест на загинатите деца.
На погребот присуствуваа бројни членови на данското кралско семејство, исто така и премиерот Ларс Локе Расмусен.
Инаку, Алфред, Алма и Агнес загинаа во терористичкиот напад кој се случи во хотел во Шри Ланка, додека семејството беше на одмор во тоа летувалиште. Астрид го преживеа нападот, заедно со нејзиниот татко Андерс.