Две деца загинаа во пожарот што се случил попладнево во населбата Шуто Оризари. Се работи за момче и девојче на возраст од три години и година и пол кој се брат и сестра. Според информациите од противпожарната единица децата биле во куќата во моментот кога покривот се урнал врз нив, и најверојатно се угушиле.
Неуспешни биле обидите на пожарникарите да ги извлечат од под урнатините и изгорениот материјал, бидејќи децата веќе биле починати а се претпоставува дека уште во моментот кога била повикана пожарната тие биле мртви.
Инаку се работело за импровизирана куќарка која се наоѓа на улицата „Брсјачка буна“ спроти спортското игралиште. Пријавен бил во 13.25 часот, а во околината имало уште неколку залепени куќарки на кои е спречено пожарот да се прошири. Интервенирале 15-мина пожарникари со неколку возила.