Во хотел во Струга вработените затекнале страшна глетка, млада девојка била пронајдена во собата без знаци на живот.
Како што информираат од полицијата, во соба во хотел во Струга, била пронајдена мртва 27-годишна девојка државјанин на Кралството Холандија која била во Охрид како турист со група од неколку луѓе.
Вработените од хотелот веднаш повикале Брза помош, а лекарите констатирале само смрт.
-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.